За разводот на Џорџ (59) и Амал Клуни (42) се шпекулираше во светските медиуми во мај за време на самоизолација поради коронавирусот, а како причина за пропаст на бракот наведени е препирките и несогласувањето во карантинот.
Холивудскиот глумец и познатата адвокатка во брак се повеќе од пет години, а порталот Entertainment Times пишува дека парот овие денови времето го поминуваат во суд бидејќи моментално се води судска битка околу старателството на тригодишните близнаци Александар и Еле.
Имено, се рашириле гласини за тоа како што и самиот глумец признал дека не е среќен во бракот со 12 години помладата сопруга.
Несогласувањата почнале со расправа околу местото на живеење, поточно ќе живеат ли по желба на Амал, во Велика Британија или Лос Анџелес, каде што холивудскиот глумец го гледа својот живот.
Поточно тоа претставува проблем и за децата, што било повод за одење на суд.
Инаку, парот го изговори судбоносното „да“ во септември 2014 година во Венеција, во хотелот Чипријани.