Пред десетина дена разводот на актерската легенда Џорџ Клуни и неговата убава сопруга Амал беше главна тема во сите светски медиуми. Нив долго ги немаше да се појават заедно, па започнаа шпекулациите дека имаат криза во бракот и дека се пред развод.
Сепак, ваквите тврдења Џорџ и Амал воопшто не ги коментираа, туку напротив, си излегоа со пријателите во еден луксузен ресторант во Лос Анџелес.
По вечерата атрактивната двојка беше сликана од фотографите и на фотографиите е уочливо дека Клуни воопшто не е расположен. Неговата сопруга цело време им беше со грб свртена на камерите и си разговараше со поранешниот супермодел Синди Крафорд.