Кога станува збор за разводите на познатите личности, еден од најинтересните е дефинитивно оној меѓу милијардерот Берни Екелстон и неговата сопруга Славица, која е 28 години помлада и 30 сантиметри повисока. Тие се венчаа во 1985 година, а во брак останаа 24 години, за време на кој добија две ќерки – Тамара и Петра.
На крајот, нивниот брак се распадна поради една работа што резултираше со најкраткиот развод во историјата. Она што ги разделило не била ниту висината ниту разликата во години, туку тоа што Берни бил премногу заљубен во својата работа.
“Што имам од него? Тој доаѓа од работа по осум, вечера и спие. И кога е на одмор, не можеш да си на само со него ни две минути. Не го интересира ништо освен работата. Нема хоби, а другите ги смета за здодевни, изјави Славица откако многумина шокираше кога беше откриено дека таа се иселила од нивниот дом вреден 10 милиони фунти на 50-годишна возраст и ангажирала адвокат.
Берни призна дека тогаш се’ уште бил заљубен во Славица и дека не сака развод, но и самиот бил свесен дека нема да ја намали посветеноста на работата. Она што особено ја заинтригира јавноста е тоа што нивниот случај на развод траел рекордни 58 секунди. Целата работа била решена на суд за помалку од една минута, а поранешните сопружници веднаш се договориле за поделба на огромниот имот.
Така Славица во 2009 година ја напуштила судницата побогата за повеќе од милијарда долари на својата сметка, во акции и многубројни вредни имоти. Шармантната Хрватка денеска ужива во соло-живот и живее во Лондон, каде што се нејзините ќерки, а налето најчесто ја посетува Хрватска.
Берни ја замени Славица со Фабијана Флоси, жената со која се ожени во 2012 година и доби син во 2020 година на 90-годишна возраст.