Австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци како дел од оваа трансконтинентална мрежа за шверц со дрога. Различните професии и земји од каде што потекнуваат ја покажуваат широчината и обемот на оваа осомничена банда.
Во неа биле: берберот Армин Ебрахими Далеку, Дилан Купер, сопственик на модна куќа, Травис Хартзер, локален фудбалер, Јане Симоноски, сопственик на сала за џакузи, опишан како „македонски Пабло Ескобар”, обвинет за перење пари.
Полицијата верува дека водач на оваа група бил 23-годишен државјанин на Австралија, кој пред неколку месеци ја напуштил оваа земја.
Целата акција почнала во САД и полициските рации во оваа земја покажале дека се работи за луѓе кои се занимаваат со шверц на дрога и оружје и заработуваат милионски суми.
Западноавстралиската полиција открива дека педесетина други луѓе локално биле поврзани со работата на оваа група обвинета за повеќе од 130 прекршоци.
Можните казни за оваа банда се од парични казни до доживотен затвор.