Глумецот Раде Шербеџија гостуваше во емисијата „Во свој филм“, каде зборуваше за богатата кариера во својот живот. Славата никогаш не го удри во глава и покрај големата популарност.
– Јас и во тоа време во Загреб бев некако популарен во анкетите кои се правеа седум години по ред. Златен венец, Студио, тоа некогаш беше познато. Немав проблеми со тоа, бидејќи некако ги навикнав своите сограѓани дека се однесувам нормално. И никогаш од тоа не правев голема помпа. Да кажеме, за мене е нормално да стојам во ред пред каса како и сите други во продавница. Не барам протекции и слично – изјавил популарниот актер, а пренесува „24сата.хр“.
Раде откри дека неговиот татко не го поддржувал во тоа да стане актер.
– Татко ми секогаш беше против тоа да станам актер. Бев добар ученик и спортист. Тој сметаше дека ќе завршам факултет. Сакаше да бидам доктор или инженер. Сакав книги и сакав да запишам книжевност. Жената во книжарата ми кажа дека сум рекордер во земање книги – рекол Раде кој се присети на неколку свои улоги.
-Играв Русин, Бугарин, Србин, Хрват… Тешко им е на странците во филмовите да го совладаат американскиот акцент. Без разлика колку добро го говорите јазикот тоа многу бргу се приметува.
фото. Телеграф.рс