Бугарскиот претседател Румен Радев пред почетокот на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брдо, Словенија, појасни на што конкретно мисли бугарската власт, кога зборува за бугарско национално малцинство во Македонија.
Радев очекува на завршениот Попис да ги види и македонските Бугари, нив 120.000 кои веќе имаат бугарски пасош. Таа бројка, според Радев е основа за барањето на измена на македонските Устав, каде Бугарите ќе бидат меѓу конститутивните етникуми.
-Во нашите регистри се впишани повеќе од 120.000 бугарски граѓани од Република Северна Македонија базирано на нивните изјави и објективниот документ за потекло и уште 10.000 чекаат за својот пасош, – рече Радев.