Во ресторанот “Мираи Схокудо” во Токио бесплатно можат да јадат сиромашни граѓани, под услов да работат 50 минути.
„Го отворив ресторанот пред две годинии сакав да се поврзам со сите луѓе кои не можат да си платат храна. Кога го отворив ресторанот, сакав сите овде да бидат добродојдени и да се вклопат“, вели сопственичката на ресторанот Секаи Кобајаши.
Во ресторанот досега работеле околу 500 луѓе кои по 50 минути работа добивале купон за оброк. Цената на просечниот оброк во ресторанот изнесува околу 8 евра.
Сличен начин на работење има и “Гѕоза Но Охсхо” ресторан во Кјото кој им нуди оброк на студентите во замена за миење садови во кујната.