На социјалната мрежа Твитер се појавила снимка од жена која наводно е претепана во текот на протестите во Кабул.
“Рабиа Садат наводно е претепана од талибанците во текот на протестите во Кабул. Апсолутно за осуда”, гласи еден од коментарите под објавената снимка.
Потсетуваме, неколку авганистански демонстрантки се собрале вчера пред претседателската палата во Кабул.
Тие го повикаа новото талибанско раководство во земјата да ги почитува правата на жените и да ги вклучи во идната влада.
На еден од влезовите во претседателската палата, десетина жени рекоа порачале дека не сакаат земјата да се врати во минатото.
From the protest in Kabul. I expected TB won't tolerate these daily protests for very long. They're already cracking down on them. #Afghanistan pic.twitter.com/BuRfqL6pZb
— FJ (@Natsecjeff) September 4, 2021