Македонски музичар Петар Ренџов преку својот Фејсбук профил остро реагираше по најавата на скопскиот градоначлник Петре Шилегов дека Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани на плоштадот за прославата на Нова година.
“ПОЛУДЕВ !!!!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!!!!!!
На ТВ24 вести прочав за нова година ДИНО МЕРЛИН ке ги забавува Скопјани !!!
Градоначалнику Петре Шилегов ве молам да ни објасните со каква идеа, морал, памет , на кој начин ја одбравте оваа музичка катастрофа и ни ја натурате на плоштад за новогодишната вечер? Како да им објаснам на моите деца кој е, што пее, на кој јазик Дино Мерлин , !
Па каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните ?
Ако не знаете, должни сте да прашате било која музичка или културна институција да ве упатат дека естетиката е погрешно направена по сите канони и музички стандарди
!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!! ПРЕДВОДНИЦИ НА ГРАЃАНИТЕ , НЕ НИШТИТЕ КУЛТУРНО , ДУХОВНО ЕМОЦИОНАЛНО !!!“ напиша Ренџов.