Еден од оние кои постојано информира на социјалните мрежи околу пандемијата, е матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров. Тој вчера потсети дека минатата недела, предвидел дека оваа, ќе се достигне бројката од 1200 нови позитивни на дневна основа и како што заклучува, погодил.
“Минатата недела за “Фокус” имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден.
Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува а јас во тоа верувам и почитувам.
Наредната ќе биде уште полоша бидејќи ништо сериозно и драстично не превземаме, убеден сум дека епидемијата е далеку од природен “замор” по она што го гледам кај моите пациенти, кои се одличен статистички примерок од повеќе аспекти.
И минатата недела, еве и сега, пцујте и вреѓајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата.
Јас имам обврска да зборувам вистина, простете, на кој не му одговара, нека не ме чита“, напиша на својот Фејсбук профил д.р. Ненад Лазаров.