Српскиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ со својата последна објава на Фејсбук повторно ја разбранува јавноста.
Имено, на неговиот Фејсбук профил на кој неодамна беше објавена фотомонтажа на неговите колеги Предраг Кон и Бранислав Тиодоровиќ, со својата објава ја стави во прашање валидноста на ПЦР тестот, што е најсигурен начин за откривање на присуство на коронавирус.
– Меѓународен конзорциум од 22 врвни вирусолози и молекуларни биолози укажува на грешки во ПЦР-тестот за САРС-2-Ков и на причините поради кои тој често е лажно позитивен до 97%, – се наведува во објавата на д-р Несторовиќ.
Во студијата пак што ја сподели на Фејсбук, меѓу другото, се вели дека ПЦР тестот не може да го разликува целиот вирус од неговиот фрагменти, поради што тестот не може да се смета за сигурен.