Русија има услов за да запре бомбардирањето на украинскиот град Мариупол.
Претседателот Владимир Путин изјави дека гранатирањето на опколениот украински град Мариупол ќе заврши само доколку украинските војници ќе се предадат. Путин ова му го кажал на францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, се вели во соопштението на Кремљ. Француските власти објавија дека Путин се согласил да ги разгледа плановите за евакуација на цивили од градот.
Официјални лица од француската Елисејска палата ја нарекоа ситуацијата во градот „катастрофална“ и додадоа дека „цивилното население мора да биде заштитено и мора да го напушти градот доколку сака. Тие мора да имаат пристап до помош во храна, вода и лекови што им се потребни“.