Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во новогодишниот натпревар на лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва. Путин традиционално го носеше дресот со број 11, а во неговата екипа, меѓу другите, беа и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и легендите на домашниот хокеј Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодоров, Алексеј Касатонов и други, пренесе „Спутник“.
Противничкиот тим, кој играше со бели дресови, меѓу другите го сочинуваа Алексеј Ѓумин, бизнисмените Гендиј Тимченко, Владимир Потањин и Роман Ротенберг, како и музичарот Игор Бутман и подмосковскиот губернатор Андреј Воробјов.
Телевизијата “Русија 24” прикажала снимка како Путин на паузата разговара со бизнисменот Генадиј Тимченко и му се жали дека во последно време малку спие.
“Малку спијам – четири-пет часа”, рекол претседателот.
Тимченко: Надо все-таки уделять время тренировкам
Путин: Не высыпался в последнюю неделю, мало спал – 4-5 часов pic.twitter.com/njaBoezpNr— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) December 26, 2019