Началникот на разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов, во интервју за „ABC News“ зборуваше за актуелниот развој на ситуацијата во Украина и се осврна на нападите врз руската база Енгелс, како и на состојбата со здравјето на Владимир Путин.
На новинарско прашање дали Украина е одговорна за нападот на базата Енгелс, Буданов рече дека не може да одговори.
„Не можам да одговорам на тоа прашање до крајот на војната. Ми беше драго што го видов тој напад, тоа е мојата реакција. Мислам дека ќе има повеќе напади, сè подлабоко и подлабоко на руска територија“, рече тој.
„Да, тој е болен, во терминална фаза. Мислам дека ќе умре многу брзо, се надевам. Мислиме дека е рак. Тоа го знаеме од извори блиски до Кремљ, односно до самиот Путин“, рече Буданов.
Тој заклучи дека во случај на смрт на Путин ќе има трансфер на власта, но дека војната во Украина треба да заврши пред смртта на рускиот претседател.