Рускиот претседател Владимир Путин ја покани во посета на Кремљ Раисат Акипова од Дербент, која беше вознемирена што не можеше да го види шефот на државата додека тој беше во градот како дел од работната посета на Дагестан.
„Кога го напуштив Дербент и пристигнав во Москва, ми покажаа слика на која плачеш. Се подразбира дека, за жал, не можам да разговарам со секој кој беше на плоштадот, но секако бев трогнат од твојата реакција. Бидејќи не можам често да ја напуштам Москва, решив да те поканам тебе и мајка ти и татко ти да ме посетите“, му рекол Путин на девојчето.
Заедно со ученичката во Кремљ пристигнаа и нејзините родители Ахмет и Култум Акипови.
Путин ги покани гостите да видат каде работи, а потоа заедно да пијат чај.
Претседателот ја однел Раисат во неговата канцеларија и ѝ понудил да седне на неговото столче. Оттаму Путин му телефонирал на премиерот на земјата Михаил Мишустин и го прашал каде е.
За време на чајот, рускиот претседател разговарал со родителите на девојчето и ги прашал што работат, колку деца имаат, а тие разговарале и за Дербент.
Рускиот лидер им подарил книга за Кремљ со негов потпис.
https://twitter.com/i/status/1676275556470644736