Официјален Киев тврди дека рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, од порано го одредил 9 мај за крај на војната во Украина.
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руската пропаганда „вели дека војната мора да заврши до 9 мај 2022 година“, на датумот кога Русија ја слави победата во Втората светска војна и организира голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва.
Според достапните информации, меѓу луѓето од вооружените сили на Руската Федерација постојано се врши пропагандна работа, што ја наметнува идејата дека војната мора да заврши пред 9 мај 2022 година – наведуваат од украинскиот Генералштаб.