Софија Абрамович на својот Инстаграм профил објави:
„Путин, а не Русија, сака војна со Украина. Најголема и најуспешна лага на пропагандата на Кремљ е дека мнозинството Руси се со Путин“, напиша Софија придружувајќи се на илјадниците Руси кои уште вчера во речиси сите градови протестираа против руската агресија на Украина, по што беа уапсени над 700 лица, претежно во Москва и Санкт Петербург.