Алина Кабаева, поранешна гимнастичарка и наводна љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, неодамна се појави во Москва и отворено ја поддржа војната во Украина.
Иако повеќето светски медиуми објавија дека Кабаева е во Швајцарија, заедно со децата, таа пред неколку дена се појави во Москва.
Поранешната гимнастичарка отвори фестивал наречен „Алина“ и по долго време даде изјава за медиумите кои со месеци се обидуваат да откријат детали за нејзиниот живот.
Во таа прилика Кабаева застана пред ѕидот со буквите „Z“, што стана симбол на руската агресија врз Украина. Освен тоа, таа отворено проговори и за причините поради кои ја поддржува „специјалната воена операција“ во Украина.
„Секое семејство има воена приказна, ние живееме во таква област. На многу руски спортисти им е забрането да се натпреваруваат во светот, што е неправда. Го гледавме геноцидот во Донбас со години, па Русија мораше да реагира“, рече жената во јавноста означена како „првата љубовница на Русија“.
Криење, деца и интриги
Иако уживаше во вниманието на јавноста за време на спортската кариера на Кабаев, во еден момент престана да се појавува на јавни настани.
Тогаш многу се шпекулираше за нејзината врска со рускиот претседател Владимир Путин, со кој наводно има три деца. Таа во последните години живее во Швајцарија и ретко одговара на повиците на медиумите.
Бројни украински функционери ги повикаа западните земји да воведат санкции против Алина, но тоа се уште не се случило. САД имаа план да го најдат името на Алина во новата рунда санкции. Сепак, од страв како Владимир Путин ќе реагира на тоа, Стејт департментот се откажа од намерата да ја санкционира „првата љубовница на Русија
Putin's rumored mistress Alina Kabaeva made a rare appearance in Moscow, at the gymnastics festival "Alina" (named in her honor). Standing in front of a backdrop covered with "Z" symbols, Kabaeva spoke of WWII and said, without a hint of irony: "Every family has a war story." pic.twitter.com/5ELCdDjgzV
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) April 24, 2022