Пејачката Снежана Ѓуришиќ и Вања Милошевиќ ја раскинале врската, а гинекологот наводно ја напуштил луксузната вила во Јајници и тоа поради љубовницата Буба Косовац…
“Вања и Снежана во последно време многу се карале поради преверзни пораки кој тој ги разменувал со други жени. Што е пострашно тој во тие пораки детално го опишувал каков е се*сот со Снежана, што сака таа, каде и како воделе љубов… Во тоа време Снежана верувала дека станува збор за монтажа, со што продолжиле да се појавуваат заедно во јавноста како ништо да не се случило, а тој продолжил да ја изневерува.
Вања го напуштил нејзиниот дом, како што се пренесува, а таа останала скршена од болка – пренесува извор за неделникот Свет.
За истиот неделник интервју дала и Буба Косовац, новата партнерка на гинекологот.
“Го знам Вања со години, но долго не сме се виделе. Еве сега сме на почеток“, изјавила таа.
“За него можам да кажам дека е човек господин. Пет пати го прашав за Снежана, тој секогаш даваше ист одговор – дека таа не го интересира. Снежана ни мене не ме интересира, не е мое ниво, нејзе никој од естрада не ја сака“, тврди Буба. “Вања ја напушти Снежана, но таа и понатаму го вика, незнам дали го уценува со нешто, но јасно и е и свети дека сме заедно. Тоа го виде на Фејсбук бидејќи Вања и ја даде шифратан од неговиот Фејсбук профил.Но мораше да го избрише својот Фејсбук поради неа“, заклучила Буба.