Пукна стаклото на пилотската кабина на авионот на вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов со кој патувал во Брисел. Стаклото пукнало за време на летот и и пилотот бил принуден да слета во Виена.
Со Каракачанов за Брисел патуваат уште неколку бугарски владини функционери.
Инаку, последниве неколку дена бугарскиот вицепремиер се “прослави“ со изјави со кои прво го искара премиерот Зоран Заев, а во неделата во емисијата “Недела 150“ на Бугарското национално радио изјави дека Македонците требало да се освестат и да станат нормален народ, односно, добри Бугари.