Едно лице со повреда од огнено оруже е пренесено во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“, доцна синоќа, објави Алсат-М. Инцидентот се случил во еден од дуќаните на Пластичарската улица во Скопје после 21:30 часот.
Неколку непознати машки лица во продавницата и ги нападнале двајцата синови на сопственикот. Кога таткото дошол да види што се случува еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.
Тогаш напаѓаните го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.
Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата за Алсат.