Пукањето во Чаир се случило поради расправија во ред за леб

by Тони Зографски

Расправија која настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал леб пред ифтар е причината за иинцидентот и тепачката која вчера попладне заврши со пукање во скопската населба Чаир, објави „Фокус“, повикувајќи се на свои информации.

Две групи млади луѓе прво се степале, а еден од нив извадил пиштол и пукал, при што ранил едно момче.

Инцидентот се случил околу 18 часот во близина на поликлиниката Бит-пазар во Чаир, во време кога многу луѓе купуваат леб во локална пекарница пред истекот на дневниот рамазански пост. Во тепачката, на една страна биле повредените: 20-годишниот А.Б. и 23-годишниот А.Б., а на другата страна биле четворица. Еден минувач се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал и со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло, пишува „Фокус“.

Сите повредени се во стабилна состојба, а од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

останати вести