Холивудската глумица Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Пајперс во понеделникот се нашле на улица за време на пукање во Лос Анџелес. За среќа и таа и нејзиниот сопруг минале без повреди.
Поранешната сопруга на Чарли Шин и нејзиниот сопруг Арон Фајперс се упатиле кон студиото Popsicle во споменатиот град, а тие наводно не се снашле добро и го запреле сообраќајот. Возачот зад нив цело време беснеел, врескал, свирел и се обидувал да ги претекне.
Дениз и нејзиниот сопруг на крајот го пуштиле возачот да помине пред нив, но тој извадил пиштол и пукал во нивниот автомобил, но, за среќа, никој не е повреден.
Инцидентот прво го пријави TMZ, а подоцна претставникот на актерката потврди дека Дениз и нејзиниот сопруг се нашле среде пукање, но не се повредени.
TMZ соопшти дека полицијата била повикана откако некој во студиото забележал оштетување од огнено оружје на Ford Shelby F-150, но не е јасно дали некој отишол на местото на настанот за да го преземе записникот.
Полицијата не го регистрирала инцидентот
Полицискиот оддел во Лос Анџелес, кој има јурисдикција над студиската област, соопштил дека нема податоци за таков извештај и дека не е во тек никаква истрага, пренесува NBC.
Дениз на Твитер напишала дека се нашла во најстрашната ситуација во нејзиниот живот.
Полицијата во Лос Анџелес потврдила дека го истражува инцидентот.