Пукал во фризерот оти на син му му направил лоша фризура

by Тони Зографски

Полицијата во Тексас е во потрага по човекот кој во еден фризерски салон во градот Кату пукал во фризерот кој наводно му направил лоша фризура на неговиот 13-годишен син – пренесува Си Ен Ен.

Детективот Валас Вајат го потврдил инцидентот.

-Прво отиде дома, па се врати. Фризерот се понуди бесплатно да му ја поправи фризурата на детето, по што започнала расправија – изјави Вајат. и додал:

-Ова е една од најчудните кавги со која сум се сретнал во мојата кариера. Особено, што осумничениот цело време бил во салонот и гледал како го потшишуваат неговиот син.

Инаку,  фризерот кој се наоѓа во болница најверојатно ќе преживее.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com