Откако Доналд Трамп ги загуби претседателските избори и тој и Меланија ја напуштија Белата куќа, поранешната прва дама беше видена за прв пат во Њујорк, а се шпекулира дека летото ќе го помине во друштво на синот Барон на Менхетен и во Бедминстер и Њу Џерси.
Во едно од нејзините први јавни појавувања по напуштањето на Вашингтон, поранешната прва дама Меланија Трамп беше фотографирана како пристигнува во Trump Tower на Менхетен. Ова е многу редок случај, бидејќи Меланија не е видена надвор од Палм Бич откако таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп, се преселија таму по поразот на изборите. Имено, Доналд и Меланија сега живеат во приватна куќа во Флорида.
https://www.instagram.com/p/CRCycB9tzq0/
Уште во мај, Доналд беше виден како лета за Бедминстер во Њу Џерси, каде тие исто така поседуваат еден од луксузните клубови за голф, но Меланија во тоа време не беше видена во негово друштво. Сепак, магазинот „People“ наведува дека Меланија ова лето ќе го помине на две локации – едниот дел во семејната резиденција на Менхетен, а другиот во викендичката во Бедминстер.
Поранешниот 75-годишен американски претседател моментално се наоѓа во Бедминстер, каде неодамна одржа прес-конференција, чија причина беше објавувањето тужби против неколку технолошки компании. „Иако Палм Бич е нивната главна резиденција, Трамп го поминува летото на релација меѓу Њујорк и Њу Џерси“, открива близок извор на Трамп, додавајќи: „Меланија и нејзиното семејство прават многу работи заедно, но не и со Доналд. Изворот додава дека Меланија се обидува да остане во близина на истиот град во кој живее нејзиниот сопруг, но да продолжи да го следи нејзиниот распоред, така што повремено сама патува низ САД и странство.
„Доналд е добар со тоа, сè додека Меланија е среќна, таа го остава на мир и се појавува во јавност кога ќе биде потребно. Меланија е најсреќна кога е опкружена со семејството, вклучувајќи го и синот. Таа многу добро знае како да си го организира животот за да биде што поисполнет “, вели изворот.