Бијонсе одржа гала-забава во француската престолнина за да го прослави крајот на Модната недела во Париз, а иако папарацо-фотографите не успеаја да ја „фатат“, на прославата пристигнаа многубројни холивудски ѕвезди од А-листата… додека, пак, пејачка Холзи ги запали фотообјективите!
Убавата Американка пристигна на забавата во доста смело издание кое буквално паѓа во очи, така што јасно е дека сите погледи беа вперени во неа.
Имено, популарната бринета избра провокативна креација – целосно проѕирно здолниште од црн тул, кое го комплетира со црн топ на прерамки и црни лакирани салонки.
Екстравагантното парче е создадено за да привлече внимание, а Холзи очигледно немала проблем да го покаже своето затегнато тело – здолништето ги откри нејзините извајани нозе, како и задникот во црни танга-гаќички.