По турбулентната недела, Ријана синоќа уживала во романтична вечера со момчето АСАП Роки во луксузен ресторан во нејзиниот роден Барбадос, а ова е првпат парот да се појави заедно во јавност по гласините за прељуба, со што и јасно ги демантираше.
Пејачката продолжила да инсистира на својот сексапилен, труднички стил, во кој доминираат парчиња со разголени детали.
Ријана овојпат облекла нешто што е налик на фустан, со прорези и врвки, креација на попопуларниот дизајнер Питер Дандас. Како и сите негови креации, така и оваа ја краси предизвикувачки дизајн кој го откри стомакот на Ријана, но и другите облини.
Интересно е и тоа што славната пејачка не носeла гаќи или барем не оние стандардните, со оглед на тоа што оваа провокативна креација не го дозволува тоа. Секси креацијата ја надополнила со едноставни златни сандали, мала, црна чанта и ефективни огромни обетки.
Ова е уште еден во низата изданија на 34-годишната пејачка, со кое потврди дека не се грижи за туѓите коментари и дека навистина ги поместила границите кога е трудничкиот стил во прашање.