Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски на својот Фејсбук профил искоментира откако излезе информација дека кај нас се потрошени сите вакцини од АстраЗенека.
“Слушам на ТВ Сител и не можам да верувам: ги потрошиле сите вакцини од АстраЗенека и моментално немале за втората доза. Каде ќе бараат нови, кога и претходните беа добиени како донација? Што ќе прават сега со лицата коишто примиле прва доза? Дали постои план Б или по нашиот добар стар обичај ќе продолжиме по принципот купи ден – помини? Ако има – арно, ако нема – пак арно? Или на луѓето ќе им даваат од тоа што ќе се најде во моментот (добро за научен експеримент)?
Во Србија во февруари прекинале со вакцинација (не се сеќавам која вакцина беше во прашање) штом залихите се намалиле до половина, за да имаат доволно за втората доза. Штом набавиле дополнителни количества, продолжиле. Во секој случај, не останале без залихи и не морале да бараат во пет до дванаесет“, напиша проф. Трајковски.