Професорот Дејан Трајковски на својот Фејсбук профил пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влегување во кафеана или патување во странство врз основа на прележаност и изминати најмногу 45 дена од оздравувањето
“Колку лица ќе можат да се надеваат на влегување во кафеана или патување во странство врз основа на прележаност и изминати најмногу 45 дена од оздравувањето?
Тоа се лицата кои се разболеле најрано 65, а најдоцна 18 дена сметано од денес наназад. Календарски, тоа би значело дијагностицираните од 12.06.2021 (од случајот под реден број 155.536) до 29.07.2021 (до случајот број 156.299).
Се на се, се работи за 763 лица во целата држава.
Па како им текнуваат вакви будалаштини?
Што ќе прават со мене, прележан во април, моментално со титар на антитела 46.500 AU/ml, при референтна вредност 50 AU/ml, 930 пати над прагот на детектабилност? Не постои таква вакцина која после две дози дава толку многу антитела. Еве, јас иако сакам да ја примам втората доза, не смеам.
Имам вистинска потреба да патувам во Србија, ама ако останам 7 дена во карантин по враќањето, нема да смеам да одам на работа. Немам ништо против, но дали ќе ми го прифатат тоа?
Се е толку бесмислено, поточно непромислено“, напиша проф. Трајковски.