Универзитеткиот професорот од Техничкиот факуктет во Битола, Дејан Трајковски кој од почетокот изработува математичко-сатистички анализи, вели дека опасноста е околу нас, со оглед на се поголемата раздвиженост во летниот период, а како ризична група ги посочува македонските навивачите кои отпатуваа во Романија каде се секвенционирани 22 случаи, а ништо помала не е опасноста Делта варијантата или Индискиот сој летово да допатува со дијаспората.
-Делата сојот е секвенциониран во Грција со 10 случаи, Бугарија има еден, а за нас особено е значајно во време на Европско првенство со 22 случаи во Романија, пет во Словенија, а во останатите балкански земји нема секвенционирани случани. Но, да не се залажуваме, Србија крена раце од секвенционирање уште од април, така што не знаеме која е вистинската состојба во Србија, – вели проф. Трајковски за „Телма“.
Иако летните температури не се поволни, опасноста може да дојде есенва.
-Иако моментално временските прилики не годат на преносливоста, но ако еднаш влезе во Македонија тој тука ќе остане до првите есенски денови, а тогаш со зголемување на преносливоста постои гоем ризик од нов бран, со оглед на малата стапка на примени дози и прележаност, се разбира, вели Трајковски.