Професорот Дејан Трајковски алармираше на високата позиција на нашата земја според смртноста од корона вирус.
Тој вели дека, вчера, Македонија се искачи на третата позиција од 223 земји и територии во СВЕТОТ според најстрашниот параметар на епидемијата, кумулативниот морталитет (вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата, сметано на милион жители).
-Дури ни нереално високиот број на жители, 2,08 милиони, многу не ни помогна да го спуштиме рејтингот. Ова е главното мерило на „успехот“ на КЗБ, МЗ и владата во справувањето со епидемијата на ковид-19 во земјава. За три дена го очекуваме месечниот билтен на ДЗС со најновите податоци за одвишната смртност. Ќе имаме што да видиме, констатираше проф. Трајковски.