Професорот Дејан Трајковски во својата ковид-анализа констатира дека ни претстои период во кој ќе заборавиме на корона вирусот.
-Како што се намалува бројот на новозаразени во светски рамки, така се намалуваат и шансите за појава на нови мутации, иако тие не се сосема исклучени. Како и кај повеќето пандемии, беа потребни повеќе од две години за да прележи (дури и по два пати) голем дел од популацијата, па на тој начин по пат на колективен имунитет ширењето на заразата спонтано да се намали, пишува професорот на својот Фејсбк профил.
Според него иако секоја зима веројтно ќе имаме увоз на нови инфекции од разни ендемични подрачја на планетава, во следните 6 месеци ќе подзаборавиме на епидемијата на корона вирусите.
-Ситуацијата дефинитивно оди на подобро, но жално е што преку 15.000 наши сограѓани, мерено според одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност, не го преживеаја ова премрежие, наведува професорот.
Неговата анализа во целост во продолжение: