-Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски постапи правилно во целата оваа ситуација и не смее да биде казнет по никоја основа. На ДПИ не му се потребни административци, туку добро подготвени луѓе, да бидат инспектори или подоцна да добијат лиценца за таа дејност, – анализира за „Фокус“, универзитетскиот професор Борче Давитковски.
Како што вели тој, во Државниот пазарен инспекторат треба да се постават квалитетно обучени луѓе кои транспарентно ќе работат во оваа институција.
-Инспекцијата е шалтерот на државата во заштита на правата на граѓаните. Државата ги штити граѓаните преку инспекторите од секаква злоупотреба што можат физички и правни лица да ја сторат врз граѓанинот. Не може во ваков инспекторат да напикате луѓе со несоодветно образование-, смета Давитковски.