Во хрватскиот град Чаковец, во тамошнот Средно техничко училиште, професор претепал двајца ученици оти го гаѓале со креди.
Професорот прво ги избркал учениците бидејќи зборувале на часот, а потоа ги претепал, едниот пред класот, а другиот во својот кабинет.
“ Едниот го фати за врат па го удираше со раце и нозе, а вториот го одвлечка до кабинетот, го бутна на столот и почна да му удира боксови – изјавил за индех.хр ученик од класот.
Професорот на кој му остана уште една година до пензија, во изјава за “РТЛ“ смета дека системот не ги штити професорите.
“ Јас и сега да се случи истото ќе реагирам на истиот начин. Го клоцнав едниот ученик, но не го повредив. Другиот, го однесов во кабинет, но не го тепав, туку го бутнав на столицата. Претходно, се обидов да разговарам со ученикот кој е проблематичен, не без успех. Некој да ме гаѓа со креда не дозволувам. Сакам да кажам дека системот воопшто не не штити – изјавил професорот.