Професорка во црковното училиште Сент Ендрус, Су Ист од Семерсет имала само 59 години кога починала. Таа на своите ученици им напишала писмо кое тие го отвориле откако починала од рак.
“Тоа е неверојатно училиште и вие сте неверојатни деца. Никогаш не помислив дека би можела да пронајдам толку радост на работа. Ви благодарам со мене што ја споделивте радоста и пријателство. Наскоро ќе дојде време да започнам нова авантура”, напишала таа.
Инаку, повеќе од 700 ученици, родители, поранешни ученици и вработени ја испратиле професорката, а на нејзиниот ковчег биле залепени цртежи со вили, пепетрутки, срца. Сите истакнале дека многу ја сакале и била забавна, добра и љубезна, а она што најмногу ќе го запомнат од неа е тоа што ги научила да веруваат во себе.