Извршители, со полициска асистенција вчера почнаа да го празнат дворот на професорката на Економскиот институт Снежана Костадиноска – Милошеска, со најава дека треба да ја преземат целата куќа поради долг за неисплатен кредит на нејзиниот сопруг. Таа, со двајца адвокати, вчера безуспешно се обидуваше на извршителите да им објасни дека нејзиниот сопруг е сопственик само на една третина од куќата, а таа ги поседува останатите две третини, за што добила судска пресуда. Укажа и дека долгот е платен, но никој не им го признавал и тоа, па се сомнева дека моќни луѓе се обидуваат насила да и го одземат имотот, пишуваат а1.он
–Адвокат ми беше Дејан Костиќ, кумот на Рашковски. Цело време ме бранеше во предметот убеден дека јас сум во право, но во меѓувреме добива други инструкции од неговите кумови и ментори и наместо да ме одбрани, тој и неколкумина други, заеднички, во договор, имам точни имиња за тоа и материјални докази, сакаат да ми го одземат имотот. Се сомневам на неговиот кум кој што е познат во јавноста за вакви дејанија, кој што од мекиците од децата збираше пари, – вели професорката Костадиноска – Милошеска за а1.он.
Повеќе на а1.он