Јавноста во Канада деновиве не престанува да зборува за наставничка од тамошно средно училиште, а причината се нејзините огромни гради
Јавноста во Канада периодов не престанува да зборува за наставничка од тамошното средно училиште. Причината за тоа се необичните големи гради на оваа „интерсексуална“ личност, како што се опишува.
Канадската професорка во средното училиште ја шокирала јавноста на есамо поради големината на нејзините гради, туку и поради тврдењето дека тоа навистина се нејзини гради, а не лажни, но признала дека не може да го докаже тоа.
Земајќи ги сите нешта предвид, станува збор за протетички, лажни гради со големина H, за кои Кајла тврди дека се нејзини, но она што особено ја згрозило јавноста е фактот што станува збор за маж
„Не носам протетички гради. Тие се вистински“, рекла Кајла Лемие за The Post во ексклузивното интервју.
Интерсексуална личност
Лемие, односно Кајла, носи женска облека, перика со руса боја, шминка и огромни гради и рекла дека не е трансродово лице, туку дека е родена како интерсексуална.
„Мојата состојба е класифицирана како гигантомастија, што исто така може да се нарече макромастија или хипертрофија на дојките“, изјавила во интервјуто.
https://twitter.com/i/status/1571001807018819584
„Ретко е, нема сомнеж во тоа. Дури и жените ги погодува ретко, но во мојот случај, а со тоа се согласува и мојот доктор, тоа е така затоа што имам и XX хромозоми, тоа има некаква врска со тоа, а хормонската осетливост на естрогенот ја предизвикала оваа состојба“, додала таа.