Професорката од САД завршила во затвор откако поминала време во хотел со двајца нејзини студенти.
Кристина Сосбе (29) од Охајо имала секс со двајца 16-годишни ученици на кои им предавала математика во декември 2018 година, а судот неодамна одлучил дека е виновна по обвинението за сексуална злоупотреба.
Таа доби казна од една година затвор и мора да се регистрира како сексуален престапник од трет степен.
Другите две точки од обвинението против Сосба за сексуална злоупотреба беа отфрлени во замена за нејзиното признание за вина.
Според помошникот обвинител Гејб Вајлдман, Сосбе била професорка на програма во Јангстаун кога имала секс со студенти.
Таа се соочи со можна максимална затворска казна од пет години, но наместо тоа ќе одлежи петтина од времето.
Портпаролот на училиштето за каналот изјавил дека Сосбе не е вработена во училиштето, туку дека работи за организација наречена „Пејс“.
Минатата година трајно и беше одземена лиценцата за воспитно-образовна дејност.