Професорката Симона Груевска – Маџоска од Институтот за македонски јазик денеска реагира по најавите дека македонските ученици нема повеќе да учат историја како посебен предмет.
Професорката на Фејсбук сподели линк на кој може да се види списокот на предметите кои ги изучуваат учениците во основните училишта во оваа скандинавска земја.
-Список на предмети за основно образование во Финска, сосе посебен предмет историја. Колку да се види какви глупости се продолжуваат да се прават со образованието. Изгледа они се глупавите!!!, напиша во објавата Груевска-Маџовска.
Кога ќе се отвори линкот се добива можност да се видат образовните програми за учениците во земјите-членки на Европската унија. Така, за Финска се наведува дека тамошниот Закон за основно образование ги регулира предметите вклучени во наставната програма. Наставната програма за основно образование ги вклучува следниве предмети заеднички за сите ученици:
мајчин јазик и литература (фински или шведски)
втор национален јазик (шведски или фински)
странски јазици
студии за животна средина
здравствено образование
религија или етика
историја
социјални студии
математика
физика
хемија
биологија
географија
физичка едукација
музика
визуелни уметности
занаети
домашна економија
советување за водење
Покрај тоа, се изучуваат и изборни предмети.