“Светот изгуби вонсериски талент. Веќе можев да го видам со Нобелова награда во раце. Полагаше испити и беше најдобар студент на Кембриџ, се дружеше, излегуваше, им помагаше на помладите студенти, патуваше, кака да не му е ништо. Има нешто во тоа што најдобрите често одат прерано“, вели директорот на Математичката гимназија во Белград, Срѓан Огњановиќ, за својот поранешен ученик, најдобриот студент на Кембриџ, Михајло Спориќ кој на 22 години вчера почина од карцином на белите дробови. Кембриџ објави тридневна жалост и предлог да се воведе награда во негова чест.
Михајло кој има завршено два факултети, Физика и Електротехнички, само еден месец преда да замине на колеџ во Кембриџ, Велика Британија, му е дијагностициран карцином. Уневерзитетот му ги обезбеди сите потребни услови, сместување и нега. Неговите родители и сестра му имаа соба до неговата, да му бидат цело време “при рака“ .
“Додека траеше лечењето професорите му предаваа во болничката соба. Не сакаше било кој да знае дека е болен, и цело време беше уверен дека ќе оздрави. Минатата година му беше многу подобро и сите се надевавме дека најлошото помина. Но, пред еден месец болеста се врати – вели директорот на гимназијата.
Пријателката на Михајло, Александар последен пат го виделеа пред еден месец во Париз.
“ Тогаш не можеше да лета поради операцијата на срце и компликациите поради насобраната вода. Сепак, и тогаш беше насмеан и изгледаше добро. Верувајте, откако го познавам, никогаш не сум го видела да не е насмеанЌ- вели Александра.