Мартин Протуѓер кој беше обвинет во случајот „Титаник“ денеска од судскит совет на скопска „единица“ заработи условна осуда. Екс министерот за транспорт Миле Јанакиески е осуден на 4 години и шест месеци затвор, Гордана Јанкулоска 2 години и 6 месеци затвор, а условни казни заработија Билјана Бришковска-Бошкоски и Катерина Веловска. Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.