Изминатиот период, трагично загинатата пејачка Силвана Арменулиќ доживеа уште поголема слава откако Драган Бјелогрлиќ реши да сними филм базиран на животот на музичката легенда Тома Здравковиќ.
Познато е дека во филмот „Тома“ можеме да видиме сцени како Силвана и Тома се сакале и дека нивната љубов е голема, но никогаш не остварена. Меѓутоа, нивната љубов била прекината со смртта на Силвана, која од корен му го променила животот на Тома.
Силвана трагично настрада во сообраќајна несреќа на 10 октомври 1976 година, заедно со тогашната бремена сестра Мирјана и виолинистка, меѓутоа, еден детаљ од погребот на Арменулиќ сите го заборавија.
Она што е малку познато во јавноста или многумина го заборавиле е дека на погребот на Силвана имало повеќе од 30.000 луѓе кои го сакале нејзиниот лик и дело.
Инаку, Силвана е родена како Зилха Бајрактаревиќ на 18 мај 1939 година во Добој, а уметничкото име Силвана го земала по тогаш популарната актерка Силвана Мангано, чиј филм „Горчлив ориз“ особено го сакала.