Протестот на „жолтите елеци“ кој се одвиваше деновиве во Франција, придонесе Франција да не ги покачи даноците за горивата, со тоа цената на дериватите нема да порасне.
Францускиот премиер Едуар Филип ќе го запре зголемувањето на даноците за гориво, оние што предизвикаа големи немири низ целата земја, објави Франс прес цитирајќи извори од владата.
Инаку, протестите за даноците ги предизвикаа најголемите немири во Париз во последниве децении. На протестите организирани изминатите денови, три лица настрадаа, а над стотина повредени.