Водителката и инфлуенсер Миа Костова по 20-дневна изолација го победи вирусот и излезе од дома.
„По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава. Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам“, напиша Костова на својот Инстаграм профил.
Истовремено Миа на својот Фејсбук профил напиша:
“Ќе си дадам за право можеби дека го лежев. Вирусот постои. Вирусот е опасен за хронично болни и стари. Но! Знаете ли вие која е процедурата кога ќе добиеш позитивен тест? Па никој нит те гледа нит те слуша нит го занима. Матичен ти збори на телефон и ако некој е подучен да каже дека нема симптоми за да не лежи 20 дена, матичниот верува. Знаете ли дека не се прима терапија за ковид ако немате симптоми, е, јас сум да се прима во секој случај. Зошто? Затоа што нели не знаеме како и колку сме спремни во моментот да се браниме. Од сите заболени во моја околина па дали 2-3 добија терапија затоа што имаат доктори блиски. Да не навлагам во тоа дека прост народ се мачка со ракија и дреме дома не се ни тестира пошо кој ќе работи 20 дена, дома нема седење!
Е после сето ова се стига на ургентен со сатурација 70 такоречи мртви па после се прави паника па почињаме да бараме и психијатри и со терапијата пиеме и хелекс.
Мозок укључете. Не е тешко покрај мерките“ напиша Миа Костова.