Германската државјанка со турско потекло, Дерја О. раскажува дека првата брачна ноќ со џихадистот ја минала во соба за измачување полна со крвави траги. Таа работела како проститутка во Германија и раскажува дека преку интернет се запознала со џихадистот и заминала во Сирија , зашто била несреќно вљувена во припадник на десничарска организација во Германија.
„Не сместија во соба која што служеше како просторија за измачување. Таму ланци висеа од таванот и имаше крв на ѕидовите. Беше многу страшно“, вели таа која што додава дека „немала премногу заедничко со изопачената верзија на Исламот која што ја практикувале џихадистите на Исламската држава“.
Во 2015 заминала со сопругот во Ирак, но по раѓањето на синот и бројните кавги, се разделиле.
Набргу потоа почнала врска со најбараниот џихадист , познат под прекарот Десо Дог, а по потекло од Германија. Сепак , не се омажила за него, туку станала втора жена на џихадист од Белгија, Абу Салахудин. Но, по два месеца , тој бил убиен со дрон . По кратко време се вратила кај сопругот, но и тој бил мачен и убиен од исламистите под обвинение дека шпиунира за непријателот. Тогаш Германката видела дека се се распаѓа , па избегала од Сирија во Турција, од каде била екстрадирана назад во Германија, каде е затворена.