Заменик-директорката на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, објави видео кое го видела на „Тикток“, а за кое пишува дека треба да влезе во категоријата „Простак на годината“.
“Уште еден што сака да влезе во категоријата простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија😢. Ваквите снимки треба да не едуцираат како не треба да се однесува еден возрасен човек… Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме „славни”“, пишува Мицковска.