ТВ водителката и пилатас инструкторка Снеже Велков вчера го прослави својот 37 роденден. Според тоа како изгледа, нејзе никој не и би ги дал тие години.
Снеже на својот Инстаграм објави фотографија од себе, а во описот напиша:
„Среќен роденден на мене“.
Исто така таа и на својот Фејсбук профил истакна дека сака уште да порасне.
Снеже Велков имаме прилика да ја гледаме во емисијата „ВИП на еден ден“ каде што обичните луѓе или оние кои не можат да си дозволат скапи козметични третмани, фризерски, манекир, педикир или каков бил друг вид на услуга ќе може да станат „вип личности на еден ден“.