Легендарниот фудбалер Роберт Просинечки одлучи до крајот на неделава или на почетокот од следната повторно да се оперира во Загреб.
Во ноември, минатата години селекторот на Босна и Херцеговина прв пат се пожали на болку во стомакот и веднаш беше опериран во Клиничкиот центар во Сараево. Тогаш беше соопштено дека зафатот бил поради проблем со танкото црево. На 1 декември, Просинечки мораша повторно “под нож“, а сега ќе му биде трета операција.
– Просинчки долго се двоумеше и на крајот се одлучи за операција во Загреб, каде неколку пати одеше на контрола по двете операции, – вели извор за “Дневни Аваз“.