Жолтото семејство во текот над 30 сезони емитување, многупати успеа да ја предвиди иднината. Во изобилството застрашувачки предвидувања, не е мал бројот на оние во кои е тешко да се поверува, како на пример, виолетовата облека на Камала Харис на денот на инаугурацијата или Том Хенкс заразен со коронавирус.
Во далечната 1995 година, тие прикажаа еден од нивните ликови како носи часовник што може да се користи како телефон. Беа потребни 20 години за „Apple Watch“ да ја здогледа светлината на денот.
Во 2000 година, 16 години пред навистина да се случи, „Симпсонови“ предвидоа дека Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател, дури и успеаја да предвидат дека ќе победи. И тоа се само дел од предвидените настани кои се случија.
Еве што предвидоа Симпсонови за оваа година!
Продолжување на пандемијата на корона
Едно од предвидувањата беше повторното избивање на коронавирусот, токму тоа што се случи во земјите кои се соочуваа со трет или четврт бран на корона. Ваквата ситуација во серијата е прикажана со употребата на куполи во Спрингфилд во кои граѓаните се целосно изолирани.
Храна за виртуелна реалност
Според Симпсонови, за 2022 година се предвидуваат дигитални оброци, односно можност за консумирање храна преку виртуелна апликација за храна. Така, во една од епизодите чие дејство се случува во 2030 година, може да се видат Марџ и Хомер кои внесуваат храна преку холографски електронски уред.
Во 2021 година, научниците за храна од Универзитетот Корнел открија дека сирењето што се консумира во средина на виртуелна реалност има подобар вкус, додека туристичката агенција Royal Caribbean се обидува да развие технологија за да им овозможи на своите гости искуство да консумираат храна во виртуелна реалност на нивните крстарења.
Колонизација на Марс
Вака изгледаше пред многу години во една епизода од Симпсонови: Лиза сака да оди на Марс, па се пријавува за патување на Црвената планета во една насока, иако Марџ не се согласува. На крајот целото семејство се пријавува за патување во 2026 година.
Сонот на Илон Маск да отиде на Марс, оваа 2022 г. би можел да биде чекор поблиску до остварување, кога неговата компанија SpaceX за прв пат ќе ја лансира ракетата Starship во орбитата. Се планира прво да се испрати товар, кој на првите „марсовци“ ќе им овозможи поволни услови за опстанок на оваа планета, а две години подоцна на истиот брод ќе се пренесе уште повеќе корисен товар и првите потенцијални луѓе кои би престојувале на Марс.
Роботите го заземаат светот
Во една епизода, Симпсонови посетија забавен парк каде роботите го контролираа секое возење, додека не ја изгубија контролата и не ги убија луѓето околу нив.
Јурген Шмидхубер, познат како „таткото на вештачката интелигенција“, неодамна шпекулираше дека роботите би можеле да го заземат светот за неколку децении.
Летечки возила
Конечно, едно од предвидувањата на кои многумина се надеваат оваа година е пристигнувањето на летечките автомобили.
Според епизодата „Идна драма“, тоа ќе се случи во текот на следните 12 месеци. Автомобилите на небото ќе бидат нашата реалност и многу ќе им го олеснат животот на луѓето.
Ова досега сме го виделе во филмовите како: „Враќање во иднината“ и „Хари Потер“. Со оглед на најавите на пазарот, повеќе не е неверојатно дека првите летечки автомобили наскоро ќе летаат на небото над нас.