Поранешната манекенка Изабела Калторп е жената што го одбила принцот Вилијам за да ѝ се посвети на кариерата, пишуваат британските медиуми. Таа се забавувала со внукот на британската кралица во моментите кога Вилијам и неговата сегашна сопруга Кејт Мидлтон биле разделени.
Британските медиуми пренесуваат дека Вилијам цело лето се обидувал да ја освои денес 40 годишната манекенка и глумица, но на крајот не успеал во тоа. Изабела пред десетина години била студентка и имала големи планови за нејзината кариера.
„Таа е име за себе и како таква сака да биде позната во јавноста“, изјавила експертот за кралското семејство Кети Никол.
Набрзо откако го откачила, Вилијам се смирил со денешната сопруга Кејт Мидлтон, а по кратко време и се венчаа. Но, според зборовите на Никол, Кејт Мидлтон денес е една од најомилените членови на кралското семејство.